Skip to content

Keyboard Layout - Macedonian - Standard со AltGr дијакритици - Распоред на тастатурата за Microsoft Windows

Notifications You must be signed in to change notification settings

KKire/mk-keyboard

Folders and files

NameName
Last commit message
Last commit date

Latest commit

 

History

4 Commits
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Repository files navigation

Keyboard Layout - Macedonian - Standard со AltGr дијакритици

Измена на стандардниот распоред на тастатурата во Microsoft Windows со додавање на дијакритиците Ѝ и Ѐ

Измени од оригиналниот распоред (layout):

  • Поправка на „Undo“ функцијата со Ctrl-Z
    • Замена на виртуелното копче VK_Y со VK_Z и обратно бидејќи виртуелниот код на Ѕ (кирилица) е VK_Z). Причина за тоа е дека стандардната македонска тастатура е базирана на QWERTZ layout
  • Ѐ додадена како AltGr+E
  • Ѝ додадена како AltGr+I
  • додаден како AltGr+5
  • ` и ~ вратени на нивното копче (над Tab, лево од 1)
  • _ (долна црта) вратена на Shift+-
  • \ и | вратени на копчето каде Ѐ беше поставена (десно од левиот Shift) (во Македонија ретко го има ова копче и овој тип на распоред на тастатура)

AltGr е десниот Alt од Space или Alt+Ctrl

распоред на кирилична тастатурата

Македонска латинична програмерска тастатура - Macedonian (Latin) - Programmers Layout

Македонска латинична програмерска тастатура (Macedonian (Latin) - Programmers) базирана на стандардниот US QWERTY layout, инспирирана од полската верзија

  • Со AltGr ги има дијакритиците È, Ì, Š, Ǵ, , Ĺ, Ž, Č и Ń на соодветните букви (пример со AltGr+S се добива Š)
  • со AltGr+5
  • Дијакритиците се базирани според правопис (страна 169)
распоред на латинична програмерска тастатурата

Македонска латинична тастатура - Macedonian (Latin) Layout

Македонска латинична тастатура (Macedonian (Latin) - Standard) базирана на македонската верзија

  • Дијакритичките букви на нивното место каде што се кириличните букви
  • Со AltGr ги има дијакритиците È, Ì, Ĺ, и Ń на соодветните букви (пример со AltGr+E се добива È)
  • со AltGr+5
распоред на латинична тастатурата

Инсталирање

  1. Преземете ја кириличната верзија и/или латиничната програмерска верзија (препорачана) и/или стандардната верзија тука
  2. Отворете ја датотеката или екстрахирајте ја
  3. Двоен-клик на setup.exe и прифатете административни дозволи
  4. ЗАДОЛЖИТЕЛНО рестартирајте го компјутерот за целосно да се додаде новиот распоред (layout), во спротивно може да имате проблеми со функцијата за префрлање на јазикот (crashing)
  5. Изборно:
    • Отстранете го претходниот распоред (Macedonian - Standard ЉЊЕРТЅ) за да немате дупликат на македонски распоред на тастатурата (ако сте имале македонски внес претходно)
    • Отстранете го претходниот распоред (English (US) - US) за да немате дупликат на англиски распоред на тастатурата (ако сте ја инсталирале и латиничната верзија)

Деинсталирање

  1. Одете во „Инсталирани апликации“ (Apps and Features)
  2. Пребарајте „Macedonian - Standard - AltGr Diacritics“, „Macedonian (Latin) - Programmers“ и/или „Macedonian (Latin) - Standard“
  3. Кликнете на „Деинсталирај“ (Uninstall)

Технички информации

Распоредите се инсталирани во C:\Windows\System32 и во регистарот во HKLM\SYSTEM\CurrentControlSet\Control\Keyboard Layouts

  • kbdmacsd.dll - Macedonian > Macedonian - Standard - AltGr Diacritics
  • kbdmaclp.dll - English (United States) > Macedonian (Latin) - Programmers
  • kbdmacls.dll - English (United States) > Macedonian (Latin) - Standard

Соодветната .klc датотека е вклучена во .zip датотеката на распоредот на тастатурата


Направено од ❤️ со Microsoft Keyboard Layout Creator (MSKLC)

About

Keyboard Layout - Macedonian - Standard со AltGr дијакритици - Распоред на тастатурата за Microsoft Windows

Topics

Resources

Stars

Watchers

Forks

Languages